Цветанов: Eкономските политики треба да бидат насочени кон поконкурентен извозот
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2019

 

Глигор Цветанов фото

Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес

 

Какви очекувања имате за следната 2019 година на ниво на компанија? Какви се проценките за обем на работа, извоз, инвестиции, вработувања, нови производи и услуги…?

Земајки го во предвид остварениот стабилен пораст во 2018 година на повеќето пазари на кои работиме очекуваме и во 2019 година да продолжме со успешно работење и понатамошен раст на приходите.
Дополнителни причини зошто очекуваме раст се инвестициите кои ги остваривме во 2018 година, но и тие што ги планираме во 2019 година.
Извозот и понатаму ќе биде главниот носител на раст и очекуваме извозот на Макпрогрес во 2019 година да се зголеми за 7%, во однос на 2018 година.

 

Кои се најголемите предизвици со кои ќе се соочи Вашата компанија и индустријата во која работите во 2019?

Главен предизвик и понатаму ќе биде одржувањето на конкурентноста на производството во услови на зголемување на трошоците на работењето по основ на зголемени цени на енергија и порастот на платите на вработените.
Наша цел и понатаму ќе биде да инвестираме и да работиме на подобрување на енергетската ефикасност и подобрување на продуктивноста, но најголем предизвик ќе биде задржувањето на вработените со оглед на енормното иселување кое се случува во Македонија.

Очекувањата и проценки за македонската економија. Каде ги гледате предизвиците и потенцијалите за поголем економски раст?

Очекувам и во 2019 година кондиторската индустрија во Република Македонија уште повеќе зајакнува и ја подобрува позиционираноста преку се поголема супституција на увозните кондиторски производи со домашни, како и да го шири присуството и на странските пазари.

За мали држави и пазари како што е Република Македонија извозот дефинитивно е најглавниот генератор на економски раст, па затоа економските политики треба да бидат насочени претежно кон зголемување на конкурентноста за извоз и насочување на компаниите кон извоз.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×