ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на кредитните производи за физички лица
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Kако резултат на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи, TTK Банка АД Скопје ги намали каматните стапки за 0,5 процентни поени на кредитните картички Visa Classic и на дозволеното пречекорување на трансакциска сметка за физички лица.

Во согласност со висината на каматната стапка на денарските депозити без валутна клаузула (национална референтна стапка – НРС) важечка на 25 декември од претходното полугодие и висината на максималната законска каматна стапка, променливите каматни стапки на дел од потрошувачките кредити сe намалуваат од 0,1 до 0,5 процентни поени и ќе се применуваат во тековното полугодие.

“Новите каматни стапки важат од 1.1.2019 година и се однесуваат за сите постојни и новосклучени договори. Истите се подетално наведени на интернет-страницата на Банката кај секој поединечен производ, а корисниците ќе добијат известување преку изводот од сметката или картичката како и писмено известување за намалениот износ на ануитетот.” – велат од Банката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×