Туризмот, угостителството и авио компаниите – сектори каде што треба да се внимава со инвестирањето во акции
Објавено на од во Извозници

Glavna genПреглед на светските берзански случувања

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

 

Мерките преземени како одговор на пандемијата во Европа и САД забрзано се повлекуваат и се заменуваат со мерки за унапредување на најпогодените делови од економиите. Во Европа, на маса е предлог за нов фонд од 500 милијарди евра, со кој би им се помагало на компаниите во земјите кои се најпогодени од СОВИД-19. Притоа, европските политичари особено ги таргетираат Италија и Шпанија, иако помошта јасно ќе биде поврзана со реструктурирање на економиите, анализираат портфолио менаџерите на Генерали Инвестментс.
 Туризмот, автомобилската и авиокомпаниите дишат на жабри
„Монетарните и фискалните мерки продолжуваат да се зајакнуваат и во САД. Гувернерот на американските Федерални резерви, Џером Пауел, објави дека ФЕД сè уште има доста оружја со кои може да се спротивстави на кризата, на што пазарот одговори со силен раст на цената на акциите. Ситуацијата во Кина, за која велиме дека е два месеци пред  Европа и дополнителен месец пред САД и Велика Британија, исто така, се подобрува од ден на ден. Индустријата и дел од услужниот сектор закрепнуваат брзо, а од друга страна, постои голема претпазливост во услугите каде што се присутни поголем број луѓе (туризам, угостителство, воздухопловство и сл.). Слично темпо на закрепнување во Европа и САД би бил многу позитивен знак, иако оваа година сериозно ќе бидат погодени земјите од југот на Европа заради намалениот обем на услужни активности (особено туризмот).“, сметаат од Генерали.
Повеќето компании веќе ги објавија своите извештаи за првиот квартал, а резултатите беа релативно солидни во целост и претежно над очекувањата, иако делот кои ги надминуваат очекувањата се најниски од финансиската криза 2008-09 година. Негативен дел од објавувањето на резултатите беа намалените очекувања за вториот квартал и повлекувањето на предвидувањата за остатокот од годината.
„Од индустриите здравствената, прехранбената индустрија и другите производи за широка потрошувачка и нега како и ИТ индустријата работат одлично. Банките очекуваат да се справат со нефункционалните кредити, а туризмот, автомобилската, воздухопловната индустрија и многу други компании размислуваат како да преживеат и бараат државна помош. Гледаме зајакнување на онлајн продажбата и позитивни изненадувања за практично сите онлајн трговци. Победници во кризата се компаниите од здравството, бидејќи сите бележат многу поголем раст од очекуваниот и нивната иднина изгледа оптимистично.“, коментираат менаџерите за инвестиции од Генерали.
Акциите повторно се скапи
Пазарите на капитал се држат исклучително добро, продолжува понатаму анализата. Голем дел од заслугите се припишуваат на големата ликвидносна помош од страна на централните банки во последните неколку недели која продолжува да се нуди на пазарите. Како резултат на тоа, вредноста на акциите на некои компании не само што ги надминаа оние од почетокот на годината, туку достигнаа и нови рекордни нивоа. Американскиот технолошки индекс NASDAQ е првиот најголем глобален индекс што забележа позитивен принос за оваа година.
„Според сите статистички критериуми, акциите повторно се скапи, особено ако се земе предвид очекуваниот пад на профитот, но инвеститорите го насочија својот поглед кон иднината, не само кон 2021 година, туку и многу подалеку. Но, иако акциите се чинат скапи, не смееме да заборавиме дека обврзниците се уште поскапи, затоа што тие не нудат принос туку се само релативно безбеден ‘паркингќ за вишокот на пари. Ликвидноста на централните банки ги промени перцепциите за реалноста и целата оваа ликвидност сака да најде инвестиција што сепак ќе донесе барем минимален принос.“заклучуваат од Генерали Инвестментс.

Фото рамка genСовети за инвеститорите

Не е паметно целото портфолио да ви биде во акции, ниту пак во обврзници или депозити

Иако акциите повторно изгледаат прилично скапи, моментално не е време за екстреми. Не е паметно целото портфолио да ви биде во акции, ниту пак во обврзници или депозити. Стара американска берзанска поговорка  вели дека нема смисла да се борите со централните банки затоа што тие имаат неограничена сума пари, велат портфолио менаџерите на Генерали Инвестментс.
„Ликвидната поддршка го форсира растот на цените на обврзниците и акциите и овој тренд може да продолжи. Од друга страна, состојбата на светската економија е слаба, а иднината е многу нејасна. Затоа најмногу се препорачува балансиран пристап кон инвестициите, со поголем удел на индустриите кои подобро ќе ја издржат оваа криза. Пазарите остануваат непредвидливи, гледаме дека предвидувањата за вакцините можат да го придвижат пазарот за 10% во позитивна насока, но исто така може да се случи и спротивното ако овие прогнози испаднат избрзани или дури и неточни.“
Затоа, диверзификацијата на портфолиото е чекор кон вистинската насока, сугерираат од Генерали. Инвестирањето во акции од нафтената индустрија, воздухопловството или компаниите кои нудат крстарења треба да останат само како потенцијален „зачин“ на портфолиото, и најдобро е да им се остават на оние кои, всушност се запознаени добро со овие компании и имаат доволно информации за нивните тековни и идни активности.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×