Турнир во тенис за млади, организиран од Ротари клуб Скопје – наградите се од Фондацијата Федерер
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

На 7-ми и 8-ми октомври ќе се одржи турнирот во тенис за млади во организација на Ротари клуб Скопје. Имајќи предвид дека на првиот тениски турнир силите ги одмеруваа 15 деца, на годинешниов, шести по ред турнир – веќе етаблиран традиционален настан, се очекува уште поголема заинтересираност.

Традиционално, турнирот ќе се одржи на тениските терени на Клубот МТП во Скопје, чии терени се наоѓаат веднаш до гимназијата Ѓорги Димитров.

Почетокот е во 10:30 часот на ми октомври, а во 11:00 часот на 8-ми октомври. На турнирот ќе настапуваат учесници во две категории: девојчиња до 14 години и момчиња до 14 години.

Ротари клуб Скопје и Фондацијата на Роџер Федерер ќе обезбедат награди за најдобрите учесници во двете категории.

За сите заинтересирани сè уште постои можност за пријавување на +389 78 398 767 или на Facebook фан страницата на Ротари клуб Скопје: https://www.facebook.com/RotaryClubSkopje.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×