Турската лира одново на дното по поништувањето на изборите од локалните избори во Истамбул
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Турската лира падна под клучната психолошка граница во однос на американскиот долар во понеделникот, откако Централната изборна комисија објави дека ќе ги поништи изборите за градоначалник во Истанбул, одржани на 31 март. Гласањето треба повторно да се одржи на 23-ти јуни.
liraВалутата изгуби 1,3% од својата вредност на 6,0405 долари по објавувањето на веста.
Оваа граница за прв пат е пробиена оваа година, откако последно се наоѓаше на тоа ниво во октомври 2018 година.
Во минатата година турската лира изгуби 30% од својата вредност, а од почетокот на оваа е за 11% пониска во однос на американскиот долар.
Во меѓувреме, турските кредитори, управувани од државата, разпродадоја девизи во вредност од над 400 милиони долари, тврдат познавачите на состојбите, цитирани од Bloomberg.
Меѓу стравувањата на инвеститорите, покрај можноста за повторување на изборите во земјата, инвеститорите посочуваат продолжување на политичките тензии во земјата и воведувањето на нови популистички мерки, кои дополнително ќе ја забават клучните структурни реформи потребни за поддршка на економијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×