Турски „Пурпласт“ ќе гради фабрика во ТИРЗ Скопје 2, прва надвор од Турција
Објавено на од во Економија
Турската компанија од автомобилската индустрија „Пурпласт“ ќе гради фабрика во ТИРЗ Скопје 2, во која првично ќе вложи пет милиони евра и ќе отвори 100 работни места. Вкупната инвестиција во фабриката, што според планот, треба да биде отворена следната година, ќе изнесува 12 милиони евра со вкупно 300 вработувања.
пурпластОва е прва фабрика на турската компанија што ќе се отвара надвор од Турција. Северна Македонија е избрана како место за инвестиција во конкуренција на пет држави. Во новиот индустриски капацитет ќе се произведуваат маски и пластични делови за автобусите на „Ван Хол“, како и за многу други брендови на автобуси и камиони.
Плановите за инвестицијата беа соопштени денеска во Владата каде беше потпишан договорот за закуп на градежно земјиште со претставниците на „Пурпласт“.
„„Пурпласт“ извезува во 38 држави со 500 вработени. Нашата фабрика во Скопје ќе биде главниот хаб за сите клиенти во Европа, како „Мерцедес“, „Сканија“, Бе-Ем-ВЕ, „Фиат“… „Ван Хол“ е важен клиент лоциран во Скопје и има околу милион евра извоз и со фабриката во Скопје се надеваме дека ќе продолжиме со ваквиот тренд. Ќе ни биде драго да ја прославиме нашата 40-годишнина со отворање на фабриката во Скопје, рече извршниот директор на „Пурплст““, Мехмет Шишманоглу.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев соопшти дека „Пурласт“ во првата фаза ќе гради индустриски објект со површина меѓу осум и 10 илјади квадратни метри.
„Со потпишувањето на овој договор продолжува индустријализацијата на нашата држава. Сите дилеми дали се градат фабрики веќе никој не ги спомнува бидејќи јасно и е на целата јавност дека фабрики се градат. Неколку пуштивме во работа, неколку се во фаза на градба, неколку почнуваат со гтрадба, но се заедно тоа се 30-тина фабрики и затоа 54 илјади луѓе се вработија во изминатите две години. Резултатите полека доаѓаат. Горди сме полека државата ја индустријализираме и гдори сме што наместо да извезуваме луѓе, помагаме да извезуваме производи бидејќи со секое вработување имаме еден помалку заминат човек од нашата држава“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.
Најави дека оваа недела во ТИРЗ ќе биде отворена и фабриката на швајцарската компанија „Бауер“.
Според министерот за економија Крешник Бектеши, продолжува трендот на инвестиции во државата, а важно е и тоа што добавувачите на странските инвеститори, почнуваат да инвестираат во земјава.
„Сите инвеститори кои работат во државата имаат добавувачи надвор од земјава, но нашите мерки во Планот за економски раст покажуваат дека овие добавувачи доаѓаат да инвестираат во земјава“, рече Бектеши.
„Пурпласт“ е основана во 1980 година и произведува пластични делови за автомобилската индустрија, меѓу кои и за „Мерцедес“, Бе-Ем-Ве, „Форд“, „Волво“, МАН и други.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×