Турски ТАВ заинтересиран да го купи српскиот аеродром „Никола Тесла“
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Турски TAV Airports holding е во преговори да инвестира во белградскиот аеродром „Никола Тесла“, пренесува Wise broker.

Според извори блиски до турската компанија, оваа компанија истовремено го разгледува и аеродромот во Манила и Белград.

Повеќе информации за оваа понуда не се објавени, а Владата на Србија претходно во документот со ММФ изјави дека ангажирала советници со цел да најде долгорочен управител за аеродромот. Министерството за економија засега не ја коментираше оваа вест.

ТАВ, чиј главeн акционер е Aeroports de Paris со удел од 38%, планира понудите за двата споменати аеродроми да ги даде до крајот на наредниот месец, наведуваат извори блиски до компанијата.

ТАВ може да понуди оперативна управа за аеродромот, но не е исклучена можноста и за преземање на имотот, дознава Bloomberg.

Инаку, ТАВ управува со истанбулскиот аеродром Ататурк и со уште 13 аеродроми ширум светот, вклучувајќи ги и аеродромите во Македонија и Хрватска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×