Турскиот премиер: Не го менуваме антитерористичкиот закон ниту поради укинување на визите
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Турција никогаш нема да го промени својот антитерористички закон, дури и ако тоа значи пропаѓање на договорот со Европската унија со цел укинување на визите за граѓаните на Турција, изјави денеска премиерот на оваа земја, Бинали Јилдирим.

Турција и ЕУ ја разгледуваат можноста за укинување на визите за државјаните на Турција уште од 2013 година, а во март постигнатиот договор за контрола на мигрантската криза требаше да помогне за целта. Но, напредок нема зашто Брисел инсистира Анкара да го измени антитерористичкиот закон со кој како терористи можат да бидат третирани и организации и поединци кои не се тоа (терористи), a кои на власта во Турција ѝ одговара да ги третира како такви.

И претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во повеќе наврати стави до знаење дека овој закон нема да биде менуван.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×