Турци вложуваат милијарда евра во проект што ќе биде нов епицентар на случувањата во Софија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

oblakoderiЧетири гигантски кули со по над педесет катови, меѓу нив езерце, на локација скоро во центарот на Софија, а сето чини милијарда евра и ќе го плати турската компанија Garanti Koza. Станува збор за најголемиот проект во секторот недвижни имоти во главниот град на Бугарија (и воопшто во државата). Имотот потребен за градење турската компанија го купила за 39 милиони евра. Меѓународното проектантско биро Benoy со кое работат Турците, на овогодинешниот форум Cityscape Global во Дубаи се пофали дека осмислува нов проект за во центарот на Софија  - оттука се визуелизациите. Според проектот што го објави бирото, тој ќе вклучува станбени згради, канцелариски простор, хотел, трговски дел, ресторани и кафулиња. Станбените кули ќе бидат со 52 и 54 ката, секоја од нив со над 700 станови и со по еден пентхаус. Според Benoy целиот комплекс ќе се простира на 535 илјади квадратни метри.

„Задачата ни беше да создадеме нова жешка точка во градот, која ќе биде место за сите јавни свечености“, изјавија од бирото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×