Турција не чека следен чекор на Кремљ – рускиот гас веќе го замени со катарски
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Турција и Катар склучиле договор за долгорочна испорака на течен природен гас во Турција, а договорот се случува додека траат шпекулациите дека Русија би можело да ја прекине испораката на гас за Турција, како дел од веќе воведените трговски санкции, по соборувањето на рускиот авион од страна на Турците. Прелиминарниот турско-катарски договор го склучиле државната турска корпорација за трговија со нафта и гас BOTAS и Катарската национална нафтена компанија Qatar Petroleum.

Ова било сторено во тек на посетата на турскиот претседател Ердоган на Катар. Тој вчера допатува во оваа арапска држава, кога Reuters јави дека Турција би можело да го намали увозот на руски течен гас за 25% следната година, поради политичките тензии. А аналитичарите проценуваат дека мерките што се наведени во одлуката на рускиот претседател Путин, би можело да бидат многу штетни за турската економија. Првите проценки велат дека руските санкции би можеле следната година да го зголемат турскиот дефицит за најмалку 5 милијарди долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×