Турција повторно се заканува дека ќе ги пушти мигрантите кон Европа
Објавено на од во Политика
Turcija begalci

Мевлут Чавушоглу, шефот на турската дипломатија се закани дека Турција може да се откаже од спогодбата со Европската унија за мигрантите, која ја склучи  од март 2016 година, со која драматично е намален мигрантскиот бран во Европа.

„Ние можеме таа спогодба еднострано да ја прекинеме. Се уште не ги информиравме нашите соговорници во ЕУ, се е во наши раце“, изјави Чавушоглу  во интервју за една турска телевизиска станица во врска со тензиите меѓу Турција и неколку европски земји.
Тој ја критикуваше Европската унија дека, спротивно на Спогодбата, не одобрила либерализација на визниот режим за државјаните на Турција. Односите меѓу Турција и ЕУ се влошија откако Германија и Холандија не им допуштија на турски министри да одржат митинзи за планираниот референдум за уставни промени во Турција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×