ЕРДОГАН “УДРИ” ПО НОВИНАРИ, УРЕДНИЦИ И ПРОДУЦЕНТИ. 30 ПРИВЕДЕНИ!?
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Турската полиција го уапси Екрем Думанли, главен уредник на дневниот весник „Заман“, еден од најтиражните во земјата кој важи за  критичен кон претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Полицијата покренала истовремени акции на повеќе адреси во Истанбул и покраините ширум Турција, апсејќи неколку лица меѓу кои е и извршниот директор на ТВ станица блиска до Ѓулен.Турските медиуми известуваат дека се издадени налози за апсење на 32 лица. Ова следи два дена по најавата на  Ердоган за нова кампања против приврзаниците на исламистичкиот проповедник Фетулан Ѓулен, поранеш близок соработник на актуелниот претседатал, а во моментов негов огорчен непријател.Претседателот Реџеп Тајип Ердоган конкретно најави  нова операција против приврзаниците на својот заколнат непријател, кого го обвинува дека минатата година го раководел покренувањето на истраги против корупцијата меѓу членовите на неговите најблиски соработници.Движењето на Ѓулен – негира дека на кој и да е начин е вмешан во истрагата поради корупцијата во којашто наводно се вмешани политичари од најтесното опкружување на Ердоган. Исламско-конзервативната Партија на правдата и развојот на Ердоган е на власт во Турција од 2002 година, а минатата зима влезе во судир со движењето на 73-годишниот Ѓулен, кого го обвинува дека воспоставува „држава во држава“ и дека прави заговори за да ја турне од власт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×