Турција за седум години донирала помош од 21 милијарди долари во 170 земји
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Република Турција во изминатите седум години донирала 21 милијарди долари за развојни проекти во вкупно 170 држави во светот, јавува Anadolu Agency (AA).

Според податоците на турската Агенција за меѓународна соработка и координација, најмногу официјална помош за развој добила Сирија.

Во Сирија се реализирани 62% од вкупната турска помош, додека 9,54% се донирани на африкански земји, а 4,3% на земјите од Балканот.

Турција во изминатиот период по ексалацијата во граѓанска војна на ситуацијата во Сирија, за оваа земја одвоила помош во вкупен износ од 13,666 милијарди долари, а само лани 5,851 милијарда.

Десетте држави кои лани добиле најголема официјална помош од Турција за својот развој се Сирија, Сомалија, Палестина, Авганистан, Босна и Херцеговина, Киргистан, Македонија, Казахстан, Азербејџан и Нигер.

Од 2010 до 2016 Турција реализирала и 454 милиони долари помош за Египет, 212 милиони долари за Тунис, и 167 милиони за Ирак.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×