Турците со тесен референдумски резултат му ги проширија овластувањата на Ердоган
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Ја извршивме најважната реформа во историјата на државата. Турскиот народ донесе историска одлука со тоа што кажа „да“ на промените на Уставот, со кои се зголемуваат надлежностите на претседателот“, изјави синоќа во Истанбул турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Според неофицијалните резултати, а кои (проценките се) ќе бидат потврдени и официјално, 25 милиони гласачи одговориле со „да“ на референдумот, што е за 1,25 милиони повеќе од оние кои одговориле со „не“.

Гласовите за промена на турскиот Устав со цел зголемени овластувања на претседателот се нешто на 51%, а оние против промени се блиску до 49%.

На референдумот се изјасниле околу 50 милиони гласачи при 85,6% излезност.

Најголемата опозициска партија, Републиканската народна партија, ги оспорува резултатите од референдумот, и најави жалби до локалните изборни комисии, пред оние што ќе ги поднесе до централното изборно тело.

Прокурдската Народна демократска партија најави жалба до Европскиот суд за човекови права ако нерегуларните ливчиња не бидат поништени.

Изборната комисија, пак, ги отфрли наводите за нерегуларности на референдумот и наведе дека немало лажни ливчиња.

Од ова тело најавија конечни резултати за 11 до 12 дена.

Во својата реакција на референдумот, Европската комисија вели дека, со оглед на тесниот резултат, Турција би требало да обезбеди најширок можен национален консензус за уставните амандмани.

Загриженоста на Европа од резултатите на референдумот во Турција ја изрази и австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, кој рече дека исходот од референдумот ќе ја отежне идната соработка меѓу Европската унија и Анкара.

На Ердоган, од друга страна, му честиташе претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, кој рече дека референдумот „без сомнеж ја означил зората на новата ера во историјата на Турција, и ќе ја засили улогата и местото на една стабилна, силна Турција, на меѓународната арена“.

Турскиот претседател доби честитка и од емирот на Катар, Тамим бин Хамад ел Тани, и од палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Турската новинска агенција Анадолија наведува дека честитки упатиле и официјални лица од Унгарија, од Македонија, од Саудиска Арабија, од Судан и од Кенија.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим во телевизиско обраќање рече дека Владата веќе почнува да се подготвува за редовните избори во 2019 година, кога, согласно предложените измени на Уставот, првпат ќе има истовремено гласање за Парламент и за претседател, по што ќе влезат во сила повеќето од на референдумот одобрените уставни измени.

Со овие измени, а во отсуство на реален конкурент на Ердоган, тој секако ќе победи на следните претседателски избори и ќе има право на два последователни петгодишни претседателски мандати. Една од измените остава теоретска можност за уште пет години власт на Ердоган, доколку во тек на вториот мандат има вонредни претседателски избори.

Со на референдумот одобрените измени се укинува функцијата премиер во Турција, а министрите ќе ги избира претседателот на државата.

Претседателот и Парламентот заедно ќе можат да изберат членови на Врховниот совет на судии и обвинители, клучно правосудно тело, кое ги именува и разрешува носителите на правосудните функции.

Парламентарните избори ќе се одржуваат на секои пет години, наместо на четири, а истиот ден ќе бидат одржани и претседателски избори.

Како ограничување за власта на претседателот предвидено е Парламентот со две третини од гласовите да може да побара истрага против претседателот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×