Туск: Бегалците да бидат надзирани 18 месеци пред да влезат во ЕУ
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Бегалците кои доаѓаат во Европа би требало 18 месеци да бидат задржани во прифатни центри, со цел да се провери безбедносниот ризик, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

„Ако сакате да вршите надзор над мигрантите и бегалците, ви треба повеќе време од една минута колку што треба за да се земе отпечаток од прст. Во меѓународното право, како и во европските закони, го имаме правилото од 18 месеци, како време за надзор што е потребно“, вели Туск во интервју за The Guardian. Тој смета дека ваквата контрола би го намалила и мотивот на бегалците и мигрантите да се одлучат за тежок пат кон Европа. „Денеска пристапот до Европа, едноставно речено, е премногу лесен“, смета Туск.

Тој во интервјуто застанува против политиката на германската канцеларка, Ангела Меркел, изнесувајќи став дека меѓу владите на Европската унија нема мнозинство што го поддржува системот на квоти за меѓусебна распределба на мигрантите меѓу државите членки. Туск политката за „отворени врати“ на Мекел ја нарекува „опасна“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×