Туск денеска од Тирана ја почнува турнејата по Западен Балкан
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска ја почнува турнејата по Западен Балкан во рамките на која ќе ги посети Тирана, Подгорица, Белград, Приштина, Сараево и Скопје.

Туск во Скопје ќе биде на 27 април за да учествува на состанокот на лидерите на земјите учеснички од процесот Брдо-Бриони, чиј домаќин е претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Посетата на Туск е во контекст на подготовката на Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 17 мај во Софија.

„Пораката до нашите пријатели е јасна: Европска унија е и понатаму ќе биде најсигурен партнер за целиот регион, како и најголем инвеститор, најголем донатор, најголем трговски пазар и најдобро ветување за подобра иднина на граѓаните. Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија треба да ја потврди европската перспектива на регионот и, што е уште поважно, конкретно да ги подобри врските со регионот и во самиот регион“, истакна Туск пред посетата.

Претседателот на Европскиот совет посетата на Западен Балкан ја почнува со средба со албанскиот премиер Еди Рама, а подоцна во текот на денот ќе се сретне со црногорскиот премиер Душко Маровиќ. За утре е предвидена средба во Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ. Туск во четврток ќе ги посети Приштина и Сараево, при што ќе се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи, а потоа ќе отпатува за Босна и Херцеговина, каде е предвидена средба со членовите на Претседателството, Драган Човиќ, Младен Иваниќ и Бекир Изтбеговиќ.

Последниот ден од посетата на земјите од Западен Балкан, Туск ќе претстојува во Скопје, при што е планирана средба и со македонскиот премиер Зоран Заев.

„Сите состаноци ќе бидат важна можност за подготовка на претстојниот самит на шефови или влади на ЕУ и лидерите на Западен Балкан во Софија на 17 мај. Тоа, исто така, ќе биде можност да се разговара за билатералните односи со ЕУ“, се посочува во соопштението на Европскиот совет.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×