Туск ја повика Британија да се откаже од напуштањето на ЕУ
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ја повика Велика Британија да се предомисли во врска со напуштањето на европскиот блок следната година, и додаде дека Брегзит ќе има негативни последици.

„Доколку британската Влада остане на својата одлука за заминување, Брегзитот ќе стане реалност со сите свои негативни последици во март следната година, освен ако нашите драги британски пријатели не се предомислат“, изјави Туск во обраќање во Европскиот парламент.

Тој го цитираше британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис, кој рече „ако демократијата не може да се предомисли, престанува да биде демократија“.

„Ние на континентот не се предомисливме. Нашите срца и натаму се отворени за вас“, рече Туск.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изрази надеж дека оваа порака јасно ќе се чуе во Лондон.

Велика Британија би требало да ја напушти Европската унија на 29 март 2019 година, но преговорите за нејзиното излегување и идните односи со Унијата мора да бидат заклучени до октомври, за парламентите да имаат време да го ратификуваат евентуалниот договор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×