Туск пред ЕП: Европските лидери направија голема грешка за Северна Македонија и Албанија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент повтори дека европските лидери минатата недела направија голема грешка што не донесоа одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.
donald-tusk„Европските лидери имаа тешка дебата околу проширувањето. По јасната препорака од Европската комисија, огромното мнозинство од земјите членки сакаа да бидат отворени пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, но и покрај тоа не беше постигнат потребниот консензус. Според мое мислење, тоа беше грешка и тоа отворено и директно им го кажав на лидерите. Сега се надевам дека лидерите ќе го исполнат заклучокот, дека ќе се навратат на ова прашање пред Самитот во Загреб во мај догодина“, истакна Туск пред ЕП презентирајќи ги заклучоците од минатонеделниот состанок на Европскиот совет во Брисел.
Се очекува европарламентраците на денешната пленарна дебата уште еднаш да искажат поддршка за старт на преговорите со Скопје и Тирана. Тоа во изминатите денови веќе го направија најголемите политички групации во ЕП – Европската народна партија, Партијата на евроспките социјалисти, АЛДЕ, Партијата на зелените.
Покрај за преговорите со Северна Макеоднија и Албанија, на седницата на ЕП ќе бидат разгледани и заклучоците на Советот на ЕУ за Брегзит и за воената интервенција на Турција во Сирија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×