Тужба вредна 14 милиони долари, Париз ја тужи компанијата „Airbnb“
Објавено на од во Економија

Тужбата може да ја чини компанијата повеќе од 12,5 милиони евра (14 милиони долари), изјави градоначалничката на Париз, Ан Идалго во интервју за „Ројтерс“.

Airbnb Logo

Тужбата од Париз е за изнајмување на приватни резиденции од „Airbnb“ и за објавување на 1.000 нелегални реклами на имот.

Нелегалното туристичко сместување води до повисоки кирии и предизвикува проблеми за жителите. „Доста! Решив да барам одговорност од овие сајтови “, напиша на „Твитер“, Ан Идалго.

Таа ја обвини компанијата за вклучување на 1.000 нерегистрирани апартмани на својата веб-страница, за секој од нив следи парична казна од 12.500 евра.

Според францускиот закон, сопствениците на домови во Париз можат да го изнајмат својот имот за краткорочно изнајмувања до 120 дена во годината. Рекламите мора да вклучуваат регистарски број за да им помогнат на властите да проверуваат дали изнајмувањата се подолги.

Идалго ја определува казната како „рекордна“ и вели: „Немам ништо против жителите да ги изнајмуваат живеалишта неколку дена во годината, за да врзат крај со крај“.

Проблематични се сопственици кои ги издаваат домовите, без да се регистрираат, рече таа, нарекувајќи ги платформите како „Airbnb“ како „соучесници“ во овој процес.

„Airbnb“ ги негираше обвинувањата и рече дека сопствениците на имот во Париз се свесни за процесот на регистрација. „Сметаме дека сепак правилата во Париз, кои влијаат на секој петти парижанин, се неефикасни, несоодветни и во спротивност со европските одредби“, објави компанијата во соопштение.

Неколку градови во светот изразија загриженост дека „Airbnb“ стои како нечесен конкурент на хотелите и може да претвори некои населби во  чисто туристички зони.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×