УАКС ја организираше 14-та Меѓународна академска конференција за европски интеграции – „ИНОВИРАЈЌИ ЈА ЕВРОПА”
Објавено на од во Економија
Конференцијата беше поделена во четири работни сесии во кои учествуваа истакнати професори и експерти, кои ги презентираа своите анализи и истражувања насочени кон преиспитување на концептите на бизнис иновациите, општествените иновации, претприемништвото, пазарот на трудот и иновациите во образовниот процес во Европа и во Европската унија.
TOT_5898

 

 

Во просториите на Министерство за Надворешни работи на Република Северна Македонија, денеска се одржa 14-та Меѓународна конференција на тема „ИНОВИРАЈЌИ ЈА ЕВРОПА “.

На официјалното отворање на конференцијата се обрати неговата екселенција, господинот Карло Ромео, амбасадор на Република Италија во РС Македонија, а специјален говорник беше проф. д-р Џузепе Новели, ректор на Универзитетот „Тор Вергата“ во Рим. Во име на организаторите се обратија проф. д-р Иван Додовски, декан на Факултетот за политички науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, проф. д-р Лука Гнан, претставник на Универзитетот Тор Вергата и претставник на Министерството за Надворешни работи Бети Јачева, Директор на Директорат за Европска Унија.
Конференцијата беше поделена во четири работни сесии во кои учествуваа истакнати професори и експерти, кои ги презентираа своите анализи и истражувања насочени кон преиспитување на концептите на бизнис иновациите, општествените иновации, претприемништвото, пазарот на трудот и иновациите во образовниот процес во Европа и во Европската унија.
Темите кои беа опфатени на работните сесиите беа следниве:
  1. Бизнис иновации – модерирана од проф.д-р Снежана Христова, Декан на Факултетот за деловна дкономија и организациони науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје
  2. Иновации во општеството и образовниот процес – модерирана од проф. д-р Иван Додовски, Декан на Факултетот за политички науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје
  3. Економија и пазарот на трудот – модерирана проф. д-р Душица Стевчевска Србиновска, професор на Факултетот за деловна економија и организациони науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје
  4. Претприемништво и иновации – модерирана од проф. д-р Лука Гнан, претставник на Универзитетот “Тор Вергата” од Рим, Италија
Покрај учесниците од Македонија, на конференцијата свои излагања имаа и научници и истражувачи од повеќе земји, кои ги презентираа трудовите на теми што се однесуваа на иновации во областа на бизнисот, економијата, претприемништвото, како и за општествени и политички прашања поврзани со иднината на Европската унија. На отворањето на конференцијата присуствуваа гости од САД, Холандија, Италија и видни професори и научници, дипломати, амбасадори, како и претставници од државните институции и граѓанскиот сектор. Овој собир претставуваваше одлична можност за размена на идеи меѓу еминентни домашни и странски научници, како и помеѓу пријавените учесници и акредитирани медиуми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×