Уапсен директорот на „Нисан“
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

GosnЈапонскиот производител на автомобили „Нисан мотор“ објави дека внатрешната истрага покажала дека Карлос Госн, директорот на компанијата, покажал помал приход од вистинскиот и презел други незаконски дејства, заради што е уапсен.

Госн, кој е претседател на партнерството меѓу „Нисан“, „Рено“ и „Мицубиши моторс“, беше уапсен под сомневање за кршење на финансискиот закон, објавија јапонските медиуми.

Поради ова, цената на акциите на партнерот на „Нисан“ и главeн акционер, „Рено“, во кој Госн е претседател на управата и извршен директор, силно падна утринава. На берзата „Еуронекст“, само во текот на утрото акциите ослабеа повеќе од 12%.

Од Нисан соопштуваат дека Госн и директорот Грег Кели во извештаите поднесени до берзата во Токио искажувале помали износи на бонусите и додатоците на плата од вистинските, за да се намали објавениот износ на надоместоците што ги прима Карлос Госн.

Понатаму од компанијата додаваат дека се откриени и редица други крупни незаконски дејства на Госн, како користење пари на компанијата за лични потреби, а потврдена е и значителна вмешаност на Грег Кели.

Во Нисан со месеци водеа интерна истрага откако од свиркачи добија дојава за неправилности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×