Уапсен основачот на KickassTorrents – повредил авторски права со вкупна вредност од над милијарда долари
Објавено на од во hi-tech & business

Основачот на еден од најпознатите сајтови за размена на торент датотеки KickassTorrents (KAT), украинецот Артем Ваулин, вчера е уапсен во Полска.

Апсењето е спроведено по американски налог, односно обвинение што го товари за заговор, тешко кршење на авторски права и перење на пари.

САД од Полска побарале да им биде испорачан Ваулин за да може да се појави пред федерален суд.

KickassTorrents постои од 2008 година и преку него се разменуваат и торенти со кои се кршат законите за авторски права за филмови, серии, музика, игри …

Во обвинението стои дека Ваулин повредил авторски права со вкупна вредност од над милијарда долари, и оти KickassTorrents е исклучително популарен.

Според податоците на американското Министерство за правда, сајтот има над 50 милиони поединечни посети месечно и е 69-ти на листата на најпосетени страници на интернет воопшто.

Вредноста на сервисот се проценува на 54 милиони долари, а се наведува дека KAT годишно има приходи меѓу 12,5 и 22,3 милиони долари од реклами.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×