Уапсена градоначалничката на софиската општина Младост поради поткуп
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Градоначалничката на општината Младост во Софија, Десислава Иванчева, денеска е уапсена, како што јавуваат одредени бугарски медиуми, за примање поткуп од 70 илјади евра.

На местото на апсењето бил и шефот на специјализираното обвинителство, Иван Гешев, кој одбил да го коментира случајот.

„Специјализираното обвинителство спроведува истрага за корупциски дела во општината Младост“, изјави портпаролот на главниот обвинител, Румјана Арнаудова. Акцијата е преземена во содејство со Комисијата за борба со корупцијата и за одземање на незаконски стекнат имот.

Пратеникот на ГЕРБ, Антон Тодоров, на социјалните мрежи објави дека Иванчева е фатена во случај на поткуп, но официјална потврда за информацијата нема.

Уапсената градоначалничка, избрана на функцијата на крајот на 2016 година, претходно била сопственик на фризерски салон, и на изборите учествувала како независен кандидат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×