Uber и NASA ќе работат на проект за летачки таксија
Објавено на од во hi-tech & business

Компанијата за транспортни услуги Uber потпиша договор со американската вселенска агенција NASA за развој на летачки превозни средства за „градска воздушна мобилност“, вклучително и на дронови за испорака.

Соопштението од NASA доаѓа во момент кога во Лос Анџелес се одржува средба на високо ниво на раководители на компании од технолошкиот и од транспортниот сектор, каде се разговара за иднината на градската авијација.

Ова е втор договор на NASA со Uber за развој на концепти и на технологии за градска воздушна мобилност – првиот беше потпишан лани и се однесуваше само на беспилотни летала.

Целта е да се развие сигурен и ефикасен систем за идниот транспорт во густо населени реони. Ваквите летачки средства не треба да им пречат на националните авиопревозници и услов е да не се многу бучни.

Дроновите за испорака и патничките воздушни таксија полетуваат и слетуваат вертикално и нема да бидат проектирани од Uber, туку компанијата склучува партнерства со производители што развиваат батерии и други компании што можат да го направат можно порачувањето летачко такси од Uber. Capture

Во Лос Анџелес Uber покажа како би изгледале идните летачки таксија – полудронови, полухеликоптери со футуристички дизајн. Ова се прототипи на нешто што уште не постои, изјави директорот на програмите за летачките таксија Uber Elevate на компанијата Uber Air, Ерик Алисон.

Компанијата гледа на овие машини како на можно решение за олеснување на транспортот во мегалополиси како Лос Анџелес, познат по големите сообраќајни метежи.

Лани Uber објави дека целта е во 2020 година да почнат демонстрациските летови во Лос Анџелес, а во 2023 да стартуваат првите патнички летови достапни преку апликации – исто како нарачувањето автомобил со возач од Uber. На почеток машините ќе имаат пилот, но подоцна може да станат беспилотни.

„Леталата се целосно електрични, се движат со брзина меѓу 240 и 320 км/ч, и можат да поминат 96 км со едно полнење“, објасни директорот на авио-производите на Uber Elevate , Никхил Гоел. Ќе се развиваат дронови со две до четири седишта. Capture 1

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×