Uber им платил на хакери да молчат за хакирање податоци на дури 57 милиони луѓе
Објавено на од во hi-tech & business

Американската компанија Uber платила 100.000 долари на хакери за да остане тајна хакирањето што се случило лани, а во кое се откриени лични информации од дури 57 милиони регистрации во системот на транспортната услуга. Ова го соопшти лично главниот извршен директор Дара Косровшахи, кој во август на позицијата го замени основачот на Uber, Тревис Каланик.

Отпуштени се двајца вработени во безбедносните служби на Uber, како одговорни за несоодветна реакција при хакерскиот напад.

Пробивот во архивата на Uber се случил во октомври 2016 година, но Косровшахи изјавил дека за инцидентот дознал неодамна.

Украдените податоци вклучуваат имиња, електронски адреси и броеви на мобилни телефони на клиенти на Uber низ светот, како и имињата и броевите на возачките дозволи на 600.000 американски возачи.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×