Uber исфрлен од Данска
Објавено на од во hi-tech & business

Uber, во соопштение за медиуми, најави дека наскоро ќе го прекине својот бизнис во Данска. Последното Uber возење во земјата ќе биде на 18 април годинава. Причината за напуштање на данскиот пазар се новите, построги правила за регулација на пазарот на такси превоз, како и неодамна загубениот судски случај.

Данските судови, имено, пресудија дека Uber не може да се смета за сервис за споделено возење, туку за илегална такси служба. Што, пак, се однесува на новите правила за регулација на пазарот, со нив е предвидено секое такси возило да има нови, скапи, таксиметри, видео надзор и сензори на седиштата.

Во моментов Uber во Данска има 2000 возачи и околу 300.000 корисници.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×