„Убиецот“ на такси компании Uber пристигнува на Балканот
Објавено на од во hi-tech & business
По Букурешт, Софија и Виена, американскиот стартап „Uber“ наскоро отвора своја подружница во Загреб и Белград

Услугата која нуди посредство во обезбедување на превоз со шофер и приватни возачи преку мобилна апликација, наскоро пристигнува во регионот.

„Убиецот“ на такси компаниите, како што медиумите го нарекуваат, неоддамна започна со работа во Букурешт и Софија, а благодарение на огромниот капитал и агресивната тактика, успеа да се наметне во повеќе од 200 градови во 55 земји ширум светот.

Меѓународниот посредник на „Uber“, Рок Каза, веќе бил во Загреб, од каде информирал дека само прашање на време е кога услугата ќе пристигне во регионот.

Вредноста на американската компанија основана пред четири години, се проценува на околу 40 милијарди долари. Поради својата агресивна стратегија за освојување на пазарот, таксистите ја сметаат за „непријател“. Неоддамна Германија ја забрани „Uber“, а во Италија физички беа нападнати вработените во локалната канцеларија на компанијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×