Учеството на пиратските стоки во глобалната трговија достигна 3,3%
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Во извештајот се нагласува дека ова претставува „значителен“ пораст во однос на 2016 година, кога на пиратските стоки отпаѓаше 2,5% од глобалната трговија.
piratski stoki 2Глобалните приходи од продажба на пиратски и фалсификувани производи лани пораснаа на 460 милијарди евра, што претставува 3,3% од вкупната светска трговија. се наведува во заеднички извештај на Службата на ЕУ за интелектуална сопственост (ЕУИПО) и ОЕЦД објавен денеска.
Што се однесува само до ЕУ, приходите од пиратските стоки достигнале 121 милијарди евра, што претставува 6,8% од вкупната трговија во Унијата. За споредба во 2016 година, на овие стоки отпаѓале пет проценти од вкупната трговија.
„Фалсификувањето (на стоки) и пиратеријата претставуваат голема закана за иновациите и економскиот раст, како во рамките на ЕУ, така и на глобално ниво“, изјави извршниот директор на ЕУИПО, Кристијан Арчамбо.
Според него, „длабоко вознемирувачкото“ зголемување на пиратските стоки во глобалната трговија, јасно укажува на потребата од координирани активности на сите нивоа за нивно целосно отстранување.
Во извештајот се наведува дека од пиратските стоки најмногу се погодени развиените земји, како САД, државите членки на ЕУ и Јужна Кореја, додека како главни извозници на вакви производи се посочени Кина, Хонг Конг, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Сингапур, Тајланд, Индија и Малезија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×