Учете јазици, доаѓаат  аутсорсинг центри во Македонија
Објавено на од во Економија

 Факултетлии, со одлични познавања на англиски и други светски јазици, наскоро може да станат дефицитарна “роба“ на пазарот за труд, ако се остварат најавите и прогнозите за инвестиции во аутсорсинг (outsourcing)  центри во Македонија.

Пред неколку дена, илјада нови работни места најави министерот за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф, во аутсорсинг центар што треба да го отвори голема американска компанија во Македонија. “Се финализира постапката со голема меѓународна фирма која работи во областа на аутсорсинг на бизнис процеси и која јавно котира на берзата во Њујорк“, рече Наумоф на последната владина отворена седница. Тој објасни дека фирмата ќе вработува млади лица кои дипломирале и кои имаат одлични познавања од англискиот јазик.

Првичната најава за оваа инвестиција беше летово, кога беше објавено дека се работи за фирма што има 12.000 вработени во 5 земји и  пружа грижа за корисници и техничка поддршка на големи компании од САД, лидери во своите области. Иако името на компанијата не беше откриено во огласот, според овие генералии, направивме мало истражување и можно е да  се работи за компанијата StarTek, со седиште во Денвер, Колорадо. На компанискиот вебсајт се вели дека имаат бизниси и во Канада, Филипини, Хондурас и Костарика, и околу 12.000 вработени и котираат на Њујоршката берза. Даваат услуги од типот грижа за корисници, постпродажба, наплата на побарувања, техничка поддршка и др. Нивни клиенти се големи меѓународни компании што влегуваат на листата Fortune 500.

Аутсорсинг бизниси од Бугарија ќе се шират во Македонија

Капитал деновиве  пренесе и  информација од бугарските медиуми дека меѓународните компании за  аутсорсинг услуги кои работат во Бугарија на повеќе локации, најверојатно ќе го прошират својот бизнис во Македонија од следната година. Брзиот развој на овој сектор и поволните услови за работа што ги нуди земјава се главните причини за тоа, според  консултантската фирма Forton.

“Благопријатните даночни услови и  омекнувањето на регулативата за бизнис, ја прават земјата привлечна за странските инвеститори, особено за ИТ и аутсорсинг.  Следствено, ќе се зголеми побарувачката за квалитетен деловен простор во Скопје, особено од  страна на големите меѓународни корпорации“, рече Михаела Лашова, извршен директор на Forton, компанија која што е стратешки партнер на меѓународната Cushman & Wakefield во Бугарија и Македонија.

Пред неколку месеци пишувавме за тоа колкав потенцијал има Македонија за развој на аутсорсинг бизнисот, со фокус на  “кол центрите“ (call centers) како дел од дејностите што големите светски компании ги аутсорсираат (отстапуваат на друг да го работи за нив).

Селење на аутсорсинг центрите од Азија во југоисточна Европа

Познавачите на овој пазар велат дека во последно време с$ поизразен е трендот вакви кол-центри да се преместуваат од традиционалните дестинации со евтина работна сила, како Индија, Пакистан или Филипини, во југоисточна Европа. Се работи за кол центри во сопственост на големи меѓународни компании специјализирани за оваа дејност, кои што пружаат  техничка поддршка и друг вид услуги во името на познати светски корпорации, најчесто од технолошката област (HP, Microsoft, итн.), но и други сектори, како банкарскиот, потрошувачка електроника и сл. Тие нудат помош во случај на некаков проблем или потребна информација во врска со производот, но има и многу компании кои што бараат продажни, маркетинг или друг вид активности на пазарите, заради деловните потреби. Тоа всушност значи т.н. аутсорсирање (анг. outsourcing) на овие активности од страна на светските корпорации, односно нивно доделување на фирми што работат со кол центри.

Во регионов веќе работат повеќе кол центри во сопственост на различни компании, вели таа, кои што даваат техничка поддршка и друг вид услуги на големи светски корпорации, најчесто од информатичката индустрија. Најмногу ги има во Романија и Бугарија, но во последно време се отвораат с$ повеќе и во Србија, Албанија, а операции во помал обем има и во Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×