Уделот на долари во глобалните девизни резерви падна на најниско ниво во последните четири години
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

DolarУчеството на американскиот долар во глобалните девизни резерви во првото тримесечје од 2018 година падна на нови најниски нивоа во изминатите четири години. Во исто време уделот на еврото, како и на кинеската и британската валути се зголемува, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Уделот на долари во глобалните резерви се намалува пет последователни квартали, дел и заради слабеењето на доларот во првите три месеци од 2018 година што се должи на очекувањата дека ќе се забрза растот на економиите надвор од САД, што би можело да ги натера големите централни банки во светот да ги намалат монетарните стимулации.

И покрај намалувањето, доларот останува најважната девизна резерва во светот.
Глобалните резерви се средства на централните банки и се одржуваат во различни валути и главно служат како поддршка на нивните обврски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×