Уделот во обновливите извори на енергија во ЕУ расте
Објавено на од во Економија

Од 2004 година, учеството на обновливите извори во бруто-потрошувачката на финална енергија значително се зголеми во сите земји-членки на ЕУ, а единаесет земји-членки веќе ги постигнаа своите цели за 2020 година.

Figure_1_Share_of_energy_from_renewable_sources_2004_2016.png_792384645

Во 2017 година, учеството на енергијата од обновливи извори во потрошувачката на финална енергија во Европската унија достигна 17,5 %.

Овој удел беше 17,0% во 2016 година, а беше двојно зголемен во споредба со 2004 година, кога имаше први податоци и изнесуваше 8,5%, објави Еуростат.

Целта на ЕУ е да добие 20 проценти од обновливата енергија во потрошувачката на финална енергија до 2020 година и најмалку 32% до 2030 година.

Шведска со повеќе од половина од енергијата од обновливи извори, чие учество изнесува 54,5% во бруто-финалната потрошувачка, е пред другите земји-членки на ЕУ, додека најнискиот удел од обновливите извори на енергија во Луксембург, Холандија и Малта се движи помеѓу 6 и 7%.

На пример, Хрватска забележа удел од 27,3% од обновливите извори во вкупната потрошувачка на финална енергија за 2017 година, додека целна стратешка цел до 2020 година беше 20%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×