UEFA со добивка од 850 милиони евра од ЕП во Франција  
Објавено на од во lifestyle

Добивката од европското фудбалско првенство во Франција ќе изнесува најмалку 850 милиони евра, објави UEFA. Износот е за 34% поголем во однос на претходното европско првенство, во 2012 година, во Полска и во Украина.

За тукушто завршеното првенство  вкупните приходи изнесувале 1,93 милијарди евра, од кои скоро половината дошле од телевизиски права.

UEFA на националните фудбалски сојузи од 55 држави, што учествувале во квалификацискиот циклус и на првенството, ќе им подели 600 милиони евра.

Европската огранизација соопшти и дека трошоците за организација на првенството во Франција изнесувале 650 милиони евра, наградниот фонд за 24-те репрезентации 301 милион, а 150 милиони ќе бидат одвоени за обесштетување на клубовите за настапите на нивните играчи на ЕП.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×