Угледниот Time со напис за Алкалоид: Совршен фармацевтски партнер
Објавено на од во Компании

Алкалоид во изминатите две децении потроши повеќе од 200 милиони евра за производствени капацитети и опрема, лаборатории и Институт за истражување и развој, Центар за контрола на квалитетот, модерен SAP софтвер, технологија и добро обучен персонал. 

 

 

Угледниот весник Time објави напис во кој пишува за растот и бизнис стратегијата на фармацевтската компанија Алкалоид, кој во продолжение ви го пренесуваме во целост.

Лоцирана на крстопатот на два големи европски коридории благословена со безцарински пристап до пазар од 650 милиони потрошувачи, Северна Македонија е идеално лоцирана за да профитира од наредниот бум во побарувачката во светот од лекови кои се продаваат на рецепта и over the counter (OTC) лековите.

Alkaloid 111Според Deloitte, годишната стапка на раст од 5,4% во следните три години ќе ја зголеми вредноста на глобалниот здравствен сектор на 10 трилиони долари до 2022 година, со што оваа новоименувана земја од Западен Балкан ја става на работ на експоненцијалниот економски скок напред.
Не се само глобалните здравствени трендови што ја прават долгорочната иднина на фармацевтскиот сектор на Северна Македонија толку ветувачка. И на домашен план , изгледите се исто толку светли.

Со поддршката од бројни меѓународни организации и агенции (вклучително Светската здравствена организација и Светската банка), Владата во Скопје е во процес на преземање на серија големи реформи во здравствениот сектор кои ќе се однесуваат на се, од расходите до механизмите на плаќање, до информатичките системи, застапувањето и стратегиите за подигање на јавната свест.

Алкалоид АД е една компанија идеално поставена да ја искористи оваа комбинација од меѓународни и домашни случувања. Со седиште во Скопје и една од малкуте компании со 83 годишна традиција, Алкалоид има повеќе од 2.000 вработени и мрежа од 18 подружници, плус уште еден производствен капацитет во странство, преку кои се извезува 63% од вкупното производство на компанијата.
Светските трендови од фармацијата, хемијата, фитотерапијата и козметологијата се имплементирани во дневните операции на компанијата, при што строгото придржување до најновите стандарди за добра производствена практика (Good manufacturing practice GMP) е потврдено од реномирани домашни и странски институции.

Алкалоид во изминатите две децении потроши повеќе од 200 милиони евра за производствени капацитети и опрема, лаборатории и Институт за истражување и развој, Центар за контрола на квалитетот, модерен SAP софтвер, технологија и добро обучен персонал.

Под 13 годишно раководство на Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор и Главен извршен директор на Алкалоид АД, компанијата напредуваше. За време на неговиот мандат нето профитот на компанијата се зголеми тројно на 14 милиони евра, додека EBITDA достигна над 25 милиони евра, а приходите од продажба за изминатата година над 159 милиони евра. Мукаетов сака оваа бројка да ги надминe симболичните 200 милиони евра до 2020 година.

Алкалоид АД e котирана на Mакедонската берза за хартии од вредност од ноември 2002 година, а своевиден извор на задоволство за извршниот директор е фактот дека дивидендата која им се исплаќа на акционерите е зголемена за 150% во изминатите 10 години.

“Цената на нашите акции постојано расте во изминатите неколку години и нашите акционери знаат што да очекуваат од нас бидејќи имаме политика со која 40% до 50% од нето профитот го распределуваме во форма на дивиденда, додека останатиот профит оди за идни инвестиции”, вели Мукаетов.
Еден од врвните приоротети на компанијата е континуирано инвестирање во Истражување и развој, развој на нови производи и контрола на квалитет. Алкалоид инвестира 3% од своите нето продажби во истражување и развој. Еден од големите чекори во оваа област започна пред една деценија со пуштањето во работа на Институтот за истражување и развој, кој беше проследен со отварање на Центарот за контрола на квалитетот пред три години. И двете користат напредна лабараториска и опрема на пилот производство.

“Нашата цел е да произведуваме фармацевтски производи сододадена вредност и побрзо да го прошируваме нашето портфолио на производи”, вели Мукаетов.

“Главниот фокус во среднорочните планови ќе биде да го комплертираме на специфични производи, да градиме сопствени маркетиншки и продажни структури во многу земји и да градиме B2B (business to business) стратегии на одредени пазари”, вели Мукаетов.

Гаранција дека растот на компанијата ќе одржува слична траектирија зависи во следната година, ќе зависи од балансирањето на овјо квалитативен развој со зголемување на обемот на работа.

“Во моментов нашите главни таргет пазари се во Европската унија. Постојано сме отворени за градење на нови синергии и партнерства преку интензивирање на присуството на регионалните пазари, подобро позиционирање во ЕУ, САД (со хербалната програма) и ЦИС регионот”,вели Мукаетов.

Стратегијата на Мукаетов е да воспостави партнерство со некои од најголемите светски компании за лекови. Mylan, Sandoz, Teva и Glenmark го избрале Алкалоид како out-licence партнер за нивните производи за нивните производи наменети за пазарите во Велика Британија, Германија, Унгарија, Полска и на други пазари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×