УЈП најави голема реформа за поедноставно плаќање и пријавување на персоналниот данок
Објавено на од во Економија

Лукаревска 1Новата в.д. директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, на денешната прес-конференција најави голема даночна реформа во повеќе сектори.

Целта, како што рече таа, е подобрување на квалитетот на даночните услуги, поедноставени на процедурите за плаќање и пријавување на даноците за граѓаните и фирмите и праведно и ефикасно собирање на даноците.
Од УЈП информираат дека интензивно работи на имплементација на даночните реформи во делот на персоналниот данок на доход кои опфаќаат поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на данокот. “Земајќи предвид дека новините и даночните реформи во голема мера ќе го изменат и досегашниот начин на пресметка, пријавување и плаќање на персоналниот данок од страна на фирмите, граѓаните и сметководствените бироа, Управата почнувајќи од Август 2017 година ќе отпочне активности за вклучување на сите засегнати страни (фокус групи) во процесот на креирање и тестирање на даночните услуги од новиот систем е-Персонален данок”, изјави Лукаровска.
Проектот за поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персоналниот данок е проект финансиран од ЕУ ИПА фондовите во вредност од 93.730 евра и од Буџетот на РМ во вредност од 574.800 евра и тој треба да овозможи намалување на административните трошоци и поедноставување на постапките за пријавување, поднесување на пресметки и плаќање на персоналниот данок од страна на граѓаните и исплатителите – правни лица (укинување на годишните извештаи за ПДД), како и подобрување на доброволната наплата на данокот преку обезбедување на поголема сигурност и системска контрола за следење на плаќањата на данокот од страна на исплатителите – фирмите.
Директорката Лукаровска објави дека во првата половина годинава се собрани даночни приходи за 3,16% помалку од предвиденото, но изрази уверување дека до крајот на годината тоа ќе се корегира. Кај придонесите во истиот период има за 3% повисока наплата.
Според Лукаровска помалата наплата на даноците се должи на лошата економска систуација и вакуумот што се создаде до формирање на новата Влада.
“Ова не е ништо трагично, сепак сакаме да работиме во интерес на граѓаните и полнење на државната каса за да биде подобро живеењето на сите луѓе во Македонија”, истакна Лукаревска.

Од УЈП најавија дека ќе вршат засилен мониторинг на готовинскиот промет, пред се заради превентивно делување во пресрет на најавените настани од спортски, културен и забавен карактер за време на летниот период (Супер куп, Пивофест, Струмица Опен фестивал и др.), но и заради подигнување на степенот на даночна усогласеност.

Директорката Лукаровска информираше дека се утврдени значителни отстапувања кај определена категорија на даночни обврзници, особено услужниот сектор и утврдени се низа случаи на прикривање на реално оставениот промет, со цел намалување на данокот. “Карактеристични се појавите во угостителската дејност каде на потрошувачите им се издаваат т.н. ,,компјутерски” сметки, односно сметки кои се печатет од обичен (нефискален) принтер. Ваквите деловни објекти наместо да го користат исклучиво фискалниот апарат од овластен производител, имаат и паралелен систем кои не е поврзан со ГПРС системот на УЈП и преку кои се издаваат сметки кои значително се разликуваат од фискалните сметки, со намера за прикривање на реално остварениот промет и избегнување на плаќање на данок. УЈП веќе има поведено истражни постапки пред истражните органи на РМ, со цел кривично гонење на сторителите за сторено кривично дело „Даночно затајување“, вели Лукаровска.

Една од новините кои ја најави Лукаровска е листата на 100 најголеми плаќачи на данок во Македонија, која ќе почне да се објавува од септември.
Во поглед на ветувањето од страна на СДСМ дека ќе се прави поврат на 15% од платениот ДДВ, Лукаровска вели дека УЈП се уште се прават потребните анализи и оти очекува да стартува во 2018 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×