УЈП не наплатила 164,8 милиони евра доспеан долг
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Вкупниот нето долг за даноци, придонеси и царински давачки што Управата за јавни приходи не го наплатила до јуни годинава изнесува 164,8 милиони евра, покажуваат податоците од најновата листа на должници што ја објави Управата.

Нето – долгот за даноци и придонеси изнесува 162,6 милиони евра и е зголемен за 1,5 милиони евра во споредба со претходната листа, додека пак долгот за царински давачки е 2,2 милиони евра.

На Листата на должници објавени се 2.069 должници – правни лица (помалку за 4 од претходната листа) и 1.812 физички лица (помалку за 230 од претходната листа).

Управата за јавни приходи во оваа листа ги објави должниците со долгови доспеани до крајот на март годинава и неплатени до крајот на јуни по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×