УЈП: Пад на приходите во буџетот за 38% во првата половина  на април
Објавено на од во Економија
Падот е најголем кај приходите од ДДВ, за 29%, додека кај данокот на личен доход падот е 6% и кај данокот на добивка од речиси 10%
ujp-600x400
Почна да се чувствува тешкиот удар врз државната каса поради корона – кризата. Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска  соопшти денеска дека во првата половина на април има пад на приходите во буџетот за 38,15% во однос на истиот месец лани.
„Падот е најголем кај приходите од ДДВ, за 29%, додека кај данокот на личен доход падот е 6% и кај данокот на добивка од речиси 10%“, рече Лукаревска.
Наплатата на Бруто ДДВ за првите 14 дена од Април месец е намалена  29,19% во споредба со првите 14 дена од Април 2019 година. Односно првите 14 дена од Април 2020 е наплатен бруто приход од ДДВ 1.476.684.745 денари, а во првите 14 дена од Април 2019 е наплатен бруто приход од ДДВ 2.085.338.658 денари , тоа е намалена наплата од 29,19%.
Притоа уште еднаш напоменуваме деке намалувањето на ДДВ се однесува за првите две недели од месец април како што беше кажано односно од 01 до 14 април 2020 а вистинската слика за реализираниот ДДВ може да се согледа по завршување на месецот и евидентирање на сите уплати на ДДВ и реализираниот поврат. Во овој период од 01.04.2020-14.04.2020 година намален е ДДВ од увоз на добра за 708 милиони денари или за 35 %, но значаен е порастот на ДДВ од прометот во земјата за 80 милиони денари односно наплатен е износ од 142 милиони денари за разлика од април истиот период за 2019 година кога е наплатен износ од 61 милиони денари.
Исто така во услови на вонредна состојба Управата за јавни приходи врши забрзан поврат на ДДВ кон фирмите така да во овој период од 01.04.2020 до 14.04.2020 е зголемен повратот на ДДВ за 412 милиони денари односно 51% повеќе вратен поврат ДДВ во однос на лани истиот период.

 

За месец март, кога до средина на месецот економијата функционираше нормално, а потоа затворија угостителските објекти, хотелите и сл., има  пад на вкупните буџетски приходи од 12,28% во однос на истиот месец лани. Падот на приходите од ДДВ во март е помал за 16,85% или 716 милиони денари, данокот на личен доход има помала наплата од само 1,11% или 17 милиони денари, а од данокот на добивка се наплатени за 10,78% помалку пари, или за 177 милиони денари.
„Кај придонесите во март месец имаме пораст на придонесите за ПИО за 10,19% или 347 милиони денари, за здравство има пораст од 18,82% или 46 милиони денари, а кај придонесите за вработување има пораст од 8,13%, односно 17 милиони денари.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×