Укинатите санкции за Иран дополнително ја „скинаа“ цената на нафтата  
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Цената на нафтата од типот „брент“ денеска во еден момент падна под 28 долари за барел (првпат по над 12 години) поради стравувањето дека откако беа симнати поголем дел од меѓународните санкции против Иран ќе се влоши ситуацијата со преобилната понуда. Половина милион барели иранска нафта дневно ќе се појавува на пазарот по укинувањето на ембаргото за Техеран од страна на американските и европските лидери. Веста предизвика распродажба на „црното злато“ чија цена од средината на 2014 година падна за околу три четвртини поради прекумерните глобални залихи, рекордните нивоа на производство, слабата побарувачка и забавувањето на глобалната економија. Во саботата, во Виена, беше постигнат договор за укинување голем дел од меѓународните санкции за Техеран што на Иран му беа наложени поради нуклеарната програма.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×