„Улогата на чистиот воздух во секојдневието“ – иницијатива на „Екотип“ и на меѓународното училиште НОВА
Објавено на од во Компании

На 18.12.2018 година, во училиштето НОВА, беше одржана презентација на проектот „Улогата на чистиот воздух во секојдневието“ – заедничка иницијатива на компанијата „Екотип“ и на меѓународното училиште НОВА, спроведена во интерес на младата популација која го посетува ова училиште.

DSC_0189_resized_20181221_034748124

 

 

 

 

 

 

 

Целта на оваа иницијатива, која е од информативен карактер, е да се едуцираат учениците за глобалните проблеми со загадувањето на воздухот и водата, мерките што треба да се преземат за спречување на истите, како да се справат со ова и да си овозможат консумирање квалитетна вода за пиење и чист воздух.

Meнаџерот на меѓународното училиште НОВА, Иван Новаковски, имаше обраќање кон учениците за важноста на чистиот квалитетен воздух и консумирањето чиста вода. Oвие 2 фактора се едни од најзначајните за елементарните потреби на еден човек и нивниот квалитет е од голема важност за здравјето на телото и духот во секојдневното живеење.

За таа цел, училиштето НОВА ја спроведе програмата „NOVA Clean Environment Policy and AQI Guidelines“и во сите простории на училиштето постави  уреди за прочистување воздух според светски стандарди, истовремено има направено комуникациски систем кој постојано дава информации за статусот на квалитетот на воздухот во просториите и надвор.

НОВА користи три типа прочистувачи од реномираниот шведски бренд  Blueair – Blueair 411во канцеларии и помали училници, Blueair 221“ во поголеми простории и училниции, BlueairXLво аудиториумот и јавни простории.

Покрај оваа иницијатива, во интерес на учениците заради подобар квалитет на секојдневниот живот, училиштето постави нов уред за филтрирање на водата за пиење со кој се овозможува квалитетна вода за пиење на сите ученици во секое време.

Следен чекор  ќе биде обезбедување стаклени шишиња  RETAP,кои го задржуваат квалитетот на водата, со што ќе се намали пластичниот отпад.

Стручните лица од компанијата „Екотип“ ни ја објаснија функцијата на своите уреди и  придобивките од  користењето прочистувачи за воздух и филтри за вода.

Инцијативата на овие две институции е пример и поттик за сите нас за преземање мерки за зачувување на животната средина и поквалитетен начин на живот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×