Унгарија ќе потроши 340 милиони евра за „гранични ловци“ на илегални мигранти
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Унгарската Влада ќе потроши 340 милиони долари за обука, храна и издршка на околу 3.000 „гранични ловци“, кои ќе бидат вработени за да стражарат крај оградата на границата што беше подигната минатата година за да се спречи влезот на илегални мигранти.

Претседателот на пратеничката група на владејачкиот Унгарски граѓански сојуз (Фидес), Лајош Коша, наведе дека за овие трошоци нема да важат правилата за јавни набавки.

Околу 400.000 мигранти и бегалци преминаа преку Унгарија минатата година на пат кон Западна Европа, пред премиерот Виктор Орбан да нареди подигнување на ограда долж јужната граница кон Србија и Хрватска.

Мигрантите, кои ќе успеат да минат илегално и кои ќе бидат фатени, по итна постапка ќе бидат враќани назад.

Коша истакна дека унгарската Влада очекува нов мигрантски бран напролет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×