УНИБанка ги укина провизиите за мобилно и електронско банкарство
Објавено на од во Компании
Со мобилната апликацијата My Unibank, клиентите можат брзо, лесно и сигурно да ги проверат состојбите на банкарските сметки и депозитите, да вршат плаќања во реално време со еден клик на својот мобилен телефон. 
Unibanka
УНИБанка ја донесе одлуката за клиентите- физички лица, корисници на услугата електронско и мобилно банкарство, плаќањата да се без надомест за трансакции во денари. Го пренесуваме соопштението во целост:
„Со користење на електронското и мобилното банкарство клиентите ќе имаат можност да ги извршуваат сите банкарски трансакции од дома, директно преку својот мобилен телефон или компјутер. Тоа овозможува едноставно и практично користење на банкарските услуги во секое време и од секое место.
Со мобилната апликацијата My Unibank, клиентите можат брзо, лесно и сигурно да ги проверат состојбите на банкарските сметки и депозитите, да вршат плаќања во реално време со еден клик на својот мобилен телефон. УНИБанка континуирано ја надоградува оваа услуга, отсега клиентите имаат можност сами да отворат трансакциска и депозитна сметка, како и самостојно да ги надополнувате депозитите во секое време, брзо, лесно и сигурно.
Ви овозможуваме заштеда на време, средства и можност да ги завршите Вашите банкарски обврски 24 часа на ден, седум дена во неделата, без дополнителна посета на експозитурите. Во исто време, клиентите на банката имаат пристап и информации за салдата на кредитните и дебитните картички и можат многу лесно да го пронајдат најблискиот банкомат за подигнување на готовина.
Ништо не е невозможно. Можеме да направиме сè ако се трудиме доволно – Остани дома е нашата порака ! Сите новости, информации како и вашите прашања може да ни ги испраќате на социјалните мрежи, на веб страницата www.unibank.mk, и на телефонскиот број 02/3286 100 ,02 3111 111 ′′.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×