“УНИБанка” ја исплати втората полугодишна камата на имателите на перпетуални обврзници
Објавено на од во Компании
Како потсетување , во јануари 2019 година, „УНИБанка”  издаде прва емисија на перпетуални обврзници со вкупна номинална вредност од 5 милиони евра. 
Unibanka
“УНИБанкана 22.01.2020г. ја исплати втората полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници, со ISIN MKBLBA200011 и шифра на UNIPO. Исплатата беше официјално објавена од страна на банката преку соопштение до Македонската берза. Право на исплата на камата имаа сите лица, регистрирани како сопственици на перпетуални обврзници во Централниот депозитар на хартии од вредност на 21.01.2020 г.
Како потсетување , во јануари 2019 година, „УНИБанка”  издаде прва емисија на перпетуални обврзници со вкупна номинална вредност од 5 милиони евра. Емисијата е без рок на доспевање, а каматната стапка е фиксна,  9%  за првите пет години и се зголемува на 11% по завршување на овој период.Номиналната вредност на обврзницата изнесува 1000 евра и е прв финансиски инструмент од тој тип на македонскиот пазар.
 Перпетуалната обврзница котира и со истата може да се тргува на официјалниот пазар на Македонска берза.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×