„УНИБанка” одбележа 15 години работење во Гостивар
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„УНИБанка” го прослави својот 15-годишен јубилеј на својата експозитура во Гостивар со елегантен коктел во ресторанот „Мон Блан”. На настанот присуствуваа над 100 клиенти, партнери и пријатели на банката од градот и од регионот.

Домаќинот на настанот, раководителот на експозитурата Гостивар г-дин Никола Стефанов, ги поздрави гостите и вработените, при што направи пресек на изминатиот 15-годишен период. Тој им се заблагодари на клиентите за довербата во текот на годините и искажа благодарност и до сите вработени во банката во Гостивар, кои со многу труд и професионализам го претворија името „УНИБанка” во симбол за висок стандард во работата со клиентите.

На прославата присуствуваа г-дин Делчо Крстев, член на УО и извршен директор на „УНИБанка”, г-ѓа Милка Тодорова, член на УО и извршен директор на „УНИБанка” и г-дин Иво Зимоски, директор на дирекцијата „Мрежа на експозитури“. Заедно со раководителот на експозитурата Гостивар, тие ја пресекоа тортата по повод јубилејот.

„Денешниот настан има клучна улога за „УНИБанка”. Градот Гостивар е првиот град, во кој нашиот тим одбележува свечен јубилеј и верувам, дека со ова го означуваме почетокот една значајна иницијатива за колегите во целата земја, што наскоро ќе ја претвориме во традиција. Во својата секојдневна работа секогаш се раководиме од максимата дека не е важно само да се обезбедат различни финансиски услуги, туку и секој ден да се докажуваме како партнер, на кој нашите клиенти може да се потпрат не само во успесите, туку и во тешките моменти”, изјави извршниот директор г-дин Делчо Крстев.

Елегантниот коктел продолжи со музичките изведби на групата “План Џ” во пријатно расположение.

До денес, мрежата на експозитури на банката во земјата брои 30 експозитури. Во регионот на Гостивар „УНИБанка” е веќе сигурен партнер на близу 5000 клиенти. Главните дејности, за кои Банката обезбедува финансирање, се фокусираат на инвестициите во градежништвото, трговијата, производството, туризмот и услугите. Со ова финансиската институција придонесува за развојот на бизнис климата во регионот, за реализација на нови проекти и директно и индиректно влијае врз стапката на вработеност преку обезбедување многу работни места.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×