УНИБанка повика да oстанете дома со пакет бесплатни дигитални услуги My UNIbank – UNIToken
Објавено на од во Компании
Бесплатниот пакет услуги во овој промотивен период е активиран за сите корисници и не се потребни дополнителни барања од страна на клиентите.
Унибанка
Со цел заштита на граѓаните и превенција од ширењето на корона вирусот, УНИБанка ги повикува своите клиенти да останат дома, овозможувајќи им во овој период да ги извршуваат сите банкарски трансакции од дома, директно преку мобилен телефон или компјутер, без провизија за електронски налог и без трошоци за месечен надомест за користење до 20-ти април 2020 година.
Во знак на солидарност и поддршка, овие бесплатни услови се однесуваат на севкупниот платен промет во земјата за физички лица, кои ги користат услугите на електорнските сервиси на УНИБанка АД Скопје :
  • Без надомест за отворање на трансакциска сметка и депозити online директно преку апликацијата
  • Едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата и прометот на сите Ваши сметки, депозити,картички и кредити
  • Без надомест за плаќања со само еден клик: интерни трансакции, режиски трошоци и останати плаќања кон физички и правни лица
  • Без надомест за плаќање на сметки за режиски трошоци
„Во оваа тешка состојба за сите нас, тимот на Банката работи во исклучителна динамика и обем на работа, обезбедувајќи максимална грижа и превенција за вработените и нашите клиенти. Секојдневно разгледуваме и разговараме за нови предлози. Нашата крајна цел е да им дадеме поддршка на нашите клиенти преку тоа што ќе им обезбедиме финансиска удобност во овој тежок момент и оптимален спектар на услуги за дигитално банкарство“, рече г-ѓа Милка Тодорова, Извршен директор на УНИБанка.
Бесплатниот пакет услуги во овој промотивен период е активиран за сите корисници и не се потребни дополнителни барања од страна на клиентите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×