УНИБанка воведува “3D Secure” технологија за поголема сигурност при интернет плаќања со картички
Објавено на од во Компании
Заштитата со 3D Secure технологија е бесплатна и обезбедува дополнителен степен на безбедност и сигурност при плаќање со картичка преку интернет.
PR-Uni-Banka-670x503„УНИБанка” воведува 3D Secure технологијасо што обезбедува дополнителна заштита на своите клиенти при интернет плаќања со картички. 3D Secure технологијатапретставува превенција од злоупотреби при интернет плаќања преку користење на највисоко ниво на автентикација на клиентите корисници на картички. Заштитата на клиентите се заснова на динамички метод на автентикација на корисникот на картичка, кој се реализира со користење на еднократна лозинка – ОТП лозинка. Клиентите ќе ја добиваат ОТП лозинката преку СМС порака на мобилен телефонски број регистриран во банката и истата е валидна само за конкретната интернет трансакција. Оваа технологија ќе се применува на плаќањата со Mastercard и Visa картички.
“3D Secure” технологијата не го менува начинот на плаќање преку интернет,но додава дополнителен чекор, кој овозможува проверка на идентитетот на корисникот на картичката. Покрај стандардните податоци кои се потребни за плаќање на интернет, кај трговци кои учествуваат во програмите за сигурност Mastercard SecureCode и Visa Secure/Verfied by Visa, ќе биде потребно и внесување на ОТП лозинка. Со цел непречено извршување на интернет плаќањата, неопходно е клиентите да го ажурираат својот мобилен телефонски број во било која експозитура на банката.
Новата технологија, која обезбедуванајвисоко ниво на заштита на клиентите, е бесплатна за сите корисници на картички издадени од УНИБанка АД Скопје и за нејзино користење не е потребна дополнителна регистрација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×