Уникатна иницијатива на Клиничката болница „Аџибадем Систина“
Објавено на од во Компании

40siУникатна иницијатива на Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Што и колку треба за да се биде задоволен? Дали личниот напредок значи и напредок во кариерата? Како да се извади максимумот од организацијата и од сопствената работна позиција? Како да се искористи внатрешниот потенцијал? Конечно, како да се биде среќен?

sistina logoНа овие и на редица други прашања и дилеми ќе се обиде да даде одговор и практично да демонстрира „Академијата за среќа” на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Може ли да се опише што е тоа „Академија за среќа” во една реченица? Комплексен сет на активности, креирање на нова и уникатна, „жива” платформа, преку која се гради атмосфера на заемно поддржување и личен развој, би била кусата дефиниција на менаџментот и одделите за човечки ресурси и за квалитет во Клиничката болница. Секако, „Академијата за среќа” е повеќе од тоа, ако барем малку се ѕирне во планираните активности.
Особено последниве години, општ е трендот големите компании да креираат општествено одговорни програми за сопствените вработени, имајќи предвид, нели, дека „само среќен и задоволен вработен е добар вработен”. Ваквите програми не се само себична побуда на компаниите да стимулираат поисполнителен вработен, туку и да поттикнат и – лично и професионално – попродуктивна, покреативна и посреќна индивидуа. Затоа и не случајно, за интерна промоција на „Академијата за среќа” во КБ „Аџибадем Систина“ беше одбран Меѓународниот ден на среќата – 20 март. На лансирањето на иницијативата на овој ден, организацискиот тим на Академијата ги пресретнуваше вработените низ болницата со едноставно прашање: „Дали сте се насмевнале утрово?”, со подарување на беџ со логото на „Академијата за среќа” и со информација наскоро да ги очекуваат предвидените активности на иницијативата.
41s„Целта на Академијата е ослободување на позитивната енергија, стимулирање на личната, професионалната и духовната исполнетост. Ова е обемна иницијатива која ќе се саморазвива и ќе трае. Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ е етаблирана како пионер во националното здравство и пошироко – во однос на технологија, квалитет и стандарди, како и одговорноста кон заедницата. Воедно, уште од првиот ден, од пред точно девет години, водиме исклучителна грижа за професионалниот аспект, од агол на работни и материјални услови и бенефити за вработените, кои се целосно обезбедени. Така што, со оваа иницијатива, којашто е уникатна на овие простори и пошироко, сега се посветуваме на градење на личната среќа, кон личните чувства, кон личниот напредок на вработените. Активираме платформа низ која секоја индивидуа ќе работи повеќе на себе, ќе го активира делот кој е и продуктивен и креативен, но и интуитивен и спиритуален. „Академијата за среќа“ има за мисија да отвори нови хоризонти, иницијатива низ која ќе се обидеме да го искористиме потенцијалот во секој од нас, кој ќе нè води кон нова суштина во личниот растеж, сопствената радост и среќа“, вели д-р Јана Марин, директор на болницата и член на Одборот на директори на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, идеен творец на „Академијата за среќа“.
Иницијативата започна со пилот – проект, за да се почувствува пулсот на вработените, а веќе се предвидени активности за оваа и за следната година. Можност да учествуваат во активностите на Академијата ќе имаат сите вработени во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Оттаму велат дека оваа академија ќе се обиде да создаде атмосфера да се излезе од дневните работни рутини, да се отвори друг, поинаков, аспект на заедничкото функционирање, како тим, но и како индивидуалци.
„Нивото на лична среќа и задоволство на секој од нас, во огромна мерка придонесува во создавањето на атмосферата и енергијата во средината во којашто професионално функционираме. Затоа, ќе се обидеме повеќе да дискутираме за тие човечки потреби. Ние во ‘Аџибадем Систина’ се грижиме за професионалците во професијата, но со ова сакаме да иницираме и да создадеме процес во којшто меѓусебно ќе се грижиме едни за други – и како луѓе”, вели д-р Марин.
Засега, не се откриваат сите активности на Академијата, а тие се распоредени во неколку сегменти, разновидна платформа, преку која ќе се гради атмосфера на заемно поддржување и личен развој. На овие сесии и работилници модератори ќе бидат успешни луѓе од земјава и од странство, коишто ќе споделат искуства на најразлични теми, со широк опсег, на пример, од управување со лични финансии и правни обврски, до работилници за личен развој, но и одредување на личен концепт на здрава исхрана и слично.
Сите сме свесни колку работната рутина и дневната динамика знаат да нè исцрпат и емотивно, и емпатиски, и човечки, како знаат да направат burn-out на професионалците, создавајќи потреба за интелектуална и духовна надградба, потреба од полнење на батериите на едно друго ниво. Ова е вентилот што сакаме да го отвориме низ оваа наша иницијатива – велат од организацискиот тим на „Академијата за среќа”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×