Тоа не е случај и со УНИБанка! Во оваа банка, УНИПлус програмата за лојалност, ги опфаќа сите клиенти независно каде ја примаат платата. Toa што треба да се направи е само да отворите платежна сметка во УНИБанка, на која сами одлучувате кој тип на прилив го насочувате: плата, закупнини, хонорари надоместоци од договори за дело или авторски услуги, девизни приливи или трансакции од трети лица, секој прилив се брои, а условот е само вкупните месечни приливи на сметката да достигнат минимум 24.000 денари, односно 15.000 денари за пензионери.
Лојалноста кон УНИБанка обезбедува бројни поволности како пониски каматни стапки за кредити и повисоки камати за депозити, бесплатно интернет банкарство, алатки за следење на личните финансии, како и многу други бенефити.
“Овој модел претставува отстапување од вообичаената практика во банкарскиот сектор, каде што програмите за лојалност најчесто се условени со префрлање на плата, што често претставува бариера за клиентите кои веќе имаат кредитни обврски во друга банка. Свесни за тоа, одлучивме да ги менуваме стандардите и да бидеме Банка лидер во овозможувањето врвно корисничко искуство. Со УНИПлус им овозможуваме на клиентите поволности, но и поголема слобода во управувањето со нивните финансии“, велат од УНИБанка.
Според финансиските експерти, УНИБанка и досега важеше за Банка со високо ниво на лојалност кај нејзините клиенти, како и по својот динамичен и модерен пристап. Со овој чекор, уште еднаш докажува дека приоритет ѝ се флексибилноста и прилагодување кон потребите на клиентите.
Паралелно со флексибилноста, Банката продолжува интензивно да инвестира во достапност на дигиталните операции, гарантирајќи сигурно и непречено корисничко искуство.
СТАНИ ДЕЛ ОД УНИПлус – Лојалната програма на УНИБанка!



















