Универзалниот снабдувач ЕВН хоум нема да ја зголеми цената на струјата
Објавено на од во Економија
Од 1 јули универзалниот снабдувач ЕВН хоум нема да ја зголеми цената на струјата. Регулаторната комисија за енерегтика (РКЕ) објави дена цената на електричната енергија нема да се менува. Тоа го покажаа пресметките за трошоците од енерегeтските компании ЕВН хоум, МЕПСО и Електродистрибуција.
strujomerВо пресметката на универзалниот снабдувач влегуваат трошоците за набавка на струја, за  пренос кон МЕПСО, трошок за дистрибуција и плус маржата од 11, 5 проценти добиена на тендер за избор на универзаелен снабдувач.
Според новиот Закон за енергетика, РКЕ повеќе нема обврска да ја утврдува цената на државните електрани. Цената ја утврдува самата компанија врз основа на пазарните  услови. ЕВН хоум веќе ги обезбедила потребните количини електрична енергија за граѓаните и малите поторшувачи на аукција.
Од први јули универзалниот снабдувач ќе има обврска да  обезбеди струја за сите домаќинства кои со либерализацијата не излегоа на слободен пазар. Сметките отсега нема да доаѓаат од ЕВН Македонија, туку од ЕВН хоум.
Пазарот на електрична енергија во Македонија е либерализиран од 1 јануари 2019.
Универзалниот снабдувач со електрична енергја ќе снабдува струја за домаќинствата и малите потрошувачи кои не избрале снабдувач на отворениот пазар. Цените на струјата ќе бидат усогласувани еднаш годишно од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×