Универзитет Тексас им дозволи на студентите да носат оружје
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Универзитетот Тексас во градот Остин на југот на САД, им дозволи на студентите да носат оружје во предавалните.  Иако со тоа не се согласува во целост, Универзитот морал да постапи во склад со законите, бидејќи неодамна забраната за носење на оружје била укината од страна на локаните власти.

Univerzitet Teksas“Мислам дека на пиштолите не им е место на универзитетеки кампус. Оваа одлука е најголем проблем и предизвик со кој се среќавам од кога сум на чело на Унивезритетот”, вели Грегори Фенвес, декан на Универзитетот Тексас, кој според новиот закон е принуден да им дозволи на близу 50.000 студенти да носат оружје од август годинава.

Расправата поттикната со укинувањето на забраната посебно е чувствителна бидејќи Универзитетот Тексас во 1966 година бил местото во кое се случило првото масовно убиоство на некој универзитетки кампус во САД.

Тогаш Чарлс Витман убил 14 лица и ранил 31 лице отварајќи оган од кулата во кампусот која служела како опсерваторија.
Оваа одлука на Универзитетот наиде на отпор од страна на многу студенти и вработени, а некои веќе се заканиле дека ќе го напуштат Универзитетот.

Парламентарните застапници во оваа конзервативна држава им попуштија на лобистите кои загивараат носење на оружје, уверени дека многу масовни убиства низ американските образовни институции можеле да се избегнат ако студентите носеле лично оружје.

Овој потег е во директна спротивставеност на мерките за контрола на оружјето кои ги застапува претседателот Барак Обама. На крајот на минатата година, претседателот Обама претстави мерки за засилување на проверките при продажбата на оружје, во обид да се спротивстави на растечкото насилство со огнено оружје во земјата. На ова се побунија републиканските политичари и моќните групи за застапување за оружјето.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×