Универзитетот Американ Колеџ од Скопје со патент во областа на општествените науки – прв ваков во Македонија
Објавено на од во Економија
Vox Organizationis се вика  моделот за мерење организациска култура, лидерски стил и организациска усогласеност, патентирано решение на тим професори и соработници од УАКС. 
УАЦС промоција

Тимот од професорите и соработниците од УАКС што стојат зад патентираното решение Vox Organizationis.

Денеска, во просториите на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), се одржа промоција на првиот патент од областа на општествени науки во земјава – Vox Organizationis и презентација на моделот за мерење организациска култура, лидерски стил и организациска усогласеност.
Vox Organizationis е резултат на долготрајна научна работа, како што истакнаа од УАКС. Покрај проф.  д-р Марјан Бојаџиев, актуелен директор на УАКС и носител на проектот, во тимот се и професорките Ана Томовска – Мисоска и Миодрага Стефановска – Петковска, како и докторантот Ивона Милева. Досега имаат објавено повеќе од 20 научни и стручни трудовиод областа на организационите науки, од коишто првиот е објавен во 2011 година, додека круна на истражувачката работа на тимот е добивањето патент за Vox Organizationis.
 „Постојат бројни дефиниции за организациска култура, но најопштата вели дека таа ги претставува верувањата, претпоставките, вредностите и начините на интеракција кои придонесуваат за единствена социјална и психолошка околина во организациите. Организациската култура често се опишува како невидливиот дел од сантата мраз“, истакна проф. Бојаџиев при презентацијата на моделот.
Vox Organizationis моделот на организациска култура се базира на две главни димензии: начин на донесување одлуки; и претприемачка ориентација. Врз оваа основа постојат четири можни солуции: претприемачка автократија; претприемачка демократија; конзервативна автократија; конзервативна демократија. Овој модел се нарекува 4CT (4 culture types) и е заштитен како таков.
„Лидерството пак, е процес на влијание на лидерот врз следбениците, во којшто тие доброволно ги прифаќаат стимулите на лидерот. Vox Organizationis моделот на лидерство се базира на две димензии: донесување одлуки и претприемништво. На таа основа има четири можни солуции: претприемачка автократија (пр. стилот на Стив Џобс); претприемачка демократија (пр. стилот на Џек Велч); конзервативна автократија (лидерски стил на „армиски офицер“) и конзервативна демократија (лидерски стил на „банкар“). Овие лидерски стилови се брендирани како L4T“, објасни проф. Бојаџиев на презентацијата.
И конечно, Vox Organizationis моделот на организациска усогласеност ја дефинира усогласеноста како “усогласеност помеѓу вредностите на членовите на организацијата и вредностите на лидерот, и вградување на истите вредности во формалната страна на организацијата“.
Vox Organizationis моделот се нуди во две опции: Standard, кој ја мери усогласеноста помеѓу културата и лидерот и Plus, опција што ја мери и формалната страна, додадена на претходните две.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×