УНКТАД: Северна Македонија со најголем раст на странски инвестиции во Западен Балкан
Објавено на од во Економија
Северна Македонија минатата година имаше најголем раст на директни странски инвестиции меѓу државите од Западен Балкан, се наведува во Извештајот за инвестициите во светот во 2019 на Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД).
унктадВо Извештајот се посочува дека приливот на директни странски инвестиции во земјава лани достигнал 737 милиони долари, што преставува раст за 260 отсто во однос на 205-те милиони долари во 2017 година.
УНКТАД потенцира дека во регионот на Западен Балкан во целина, лани бил забележан раст на директните странски инвестиции и покрај негативните тенденции во оваа сфера во глобални рамки.
Во светски рамки директните странски инвестиции лани се намалиле за 13 проценти на 1.300 милијарди долари, додека во регионот на Западен Балкан тие бележат зголемување за 33 отсто на 7,4 милијарди долари.
Од останатите земји во регионот на Западен Балкан, Србија бележи раст на странските инвестиции за 44 отсто на 4,1 милијарди, Албанија раст од 13 проценти на 1,3 милијарди долари, Босна и Херцеговина раст од четири отсто на 468 милиони долари, додека единствено Црна Гора има намалување на директните странски инвестиции за 12 проценти на 490 милиони долари.
Словенија бележи раст на инвестициите за 81 отсто на 1,4 милијарди долари, додека Хрватска и Бугарија имаат пад и тоа од 43 проценти на 1,2 милијарди долари, односно 21 отсто на две милијарди долари. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×